Доларот на најниско ниво во последните пет месеци

На девизните пазари индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската во однос на шест други светски валути, се движи околу најниското ниво во последните пет месеци од 103,71 поени.

Така, индексот на доларот е речиси 6 отсто под највисокото ниво во последните две години од 110,17 поени, кое го достигна во средината на јануари благодарение на оптимизмот во тоа време дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го поттикне глобалниот економски раст. Во меѓувреме, неговите трговски политики ги загрижија инвеститорите, бидејќи може да предизвикаат рецесија.

Курсот на еврото утринава изнесува 1,0881 долар, нешто пониско од 1,0947 долари, нивото што го достигна минатиот вторник за прв пат од 11 октомври минатата година. Курсот на јенот сепак стагнира во однос на доларот на 148,7 јени.

Цената на барел нафта утринава порасна на светските берзи, откако американскиот министер за одбрана рече дека ќе продолжи со нападите врз Хутите во Јемен додека не престанат со нивните напади врз бродови, бидејќи инвеститорите се загрижени за можни прекини во снабдувањето со нафта. На лондонската берза барел сирова нафта од типот „брент“ поскапе за 1,06 отсто на 71,33 долари, а на американската WTI сирова нафта поскапе за 1,12 отсто на 67,94 долари.

Цената на златото утринава е на 2.991 долар за унца, откако во петокот за прв пат го проби нивото од 3.000 долари, додека инвеститорите во неизвесно економско опкружување, со засилувањето на светската трговска војна, бараат безбедно засолниште за својот капитал.

Тагови
реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Бизнис

Кој заработува најмногу пари од војната во Иран?

Read more

SpaceX излегува на берза, се подготвува потег што светот никогаш порано не го видел

Read more

Цените на нафтата паѓаат по објавата на Трамп

Read more

Откажани 2 милиона авио-седишта поради поскапувањето на горивата

Read more
 

Вести

Јанчев: Народот е повторно подготвен да ги брани Дошница и планината од малите хидроцентрали

Читај повеќе

Уапсен возачот на камион кој прегази пешак на патот Прилеп-Градско

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел воведува смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Читај повеќе

Фали ме, Тимчо

Читај повеќе

САД тајно преговараат за Гренланд

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема намера да ја прекине војната, се подготвуваме за нови напади

Читај повеќе

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе