Доларот ослабе, цената на нафтата падна

На пазарите на валути вредноста на доларот падна во однос на кошницата валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,35 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,52 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,35 на 157,65 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0730 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0700 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,14 отсто, на 84,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 80,15 долари.

Азиските берзи го следат растот на Волстрит

На азиските берзи утрово цените на акциите пораснаа, благодарение на нивната корекција по вчерашниот пад и новите рекордни височини на берзанските индекси на Волстрит.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, во 7 часот порасна за 0,6 отсто, надополнувајќи ги вчерашните загуби.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,8 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто. Во Хонгконг, пак, тие благо паднаа.

Откако вчера паднаа поради послабите од очекуваните економски показатели од Кина, берзанските индекси утрово ги надоместија тие загуби.

Инвеститорите беа охрабрени од новите рекорди на индексот S&P 500 на Волстрит, како и на Nasdaq.

Индексот Dow Jones вчера зајакна за 0,5 отсто, додека S&P 500 порасна за речиси 0,8 отсто, а Nasdaq за 0,95 отсто.

И вчера, како и минатата недела, најмногу пораснаа цените на акциите на производителите на чипови и технолошките компании.

Иако немаше нови значајни вести, цената на акцијата на Apple порасна за 2 отсто, а на Мајкрософт за 1 отсто. Поскапеа и акциите на другите технолошки гиганти, како Alphabet, Amazon, Meta Platforms.

Оваа недела ќе бидат објавени нови макроекономски податоци кои ќе го покажат „обликот“ на американската економија, а на различни состаноци ќе зборуваат и бројни претставници на ФЕД.

Минатата недела ФЕД објави проценки дека ќе ги намали каматните стапки само еднаш до крајот на годината бидејќи инфлацијата и понатаму е значително повисока од целното ниво од 2 отсто, но инвеститорите се надеваат на позначително намалување на цената на парите.

По силниот скок на цените на акциите во последните недели, аналитичарите ги зголемуваат своите проценки за растот на индексот оваа година.

Поради силниот технолошки сектор и ентузијазмот на инвеститорите за развој на вештачка интелигенција, аналитичарите на Goldman Sachs проценуваат дека S&P 500 ќе ја заврши годината околу 5.600 поени, а не околу 5.200 поени, како што претходно очекуваа.

Аналитичарите на Evercore ISI ја зголемија проценката за раст на индексот S&P 500 од претходните 4.750 на 6.000 поени.

реклама

Бизнис

Американските царини за соларни панели од Југоисточна Азија достигнаа 3521%

Read more

Јапонија увезе ориз од Јужна Кореја за прв пат по 25 години

Read more

Доларот слабее трета недела по ред

Read more

Најбогатиот Европеец: Брисел ќе биде виновен ако го префрлиме производството во САД

Read more
 

Вести

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и на бензините без промени

Читај повеќе

Протест на културните работници за задоцнетите мартовски плати

Читај повеќе

Што донесе краткиот прекин на огнот во Украина?

Читај повеќе

Ќе се гради нов Скопски саем

Читај повеќе

Путин нема да присуствува на погребот на папата

Читај повеќе

2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Читај повеќе

На Трамп му паѓа рејтингот

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск

Читај повеќе