Доларот ослабе, еврото зајакна

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, по три недели раст, додека еврото порасна и со тоа се оддалечи од најниските нивоа во последните две години. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела падна за 1,6 отсто, на 105,80 поени.

Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот се зголеми за 1,5 отсто, на 1,0575 долари, со што се оддалечи од најниското ниво во последните две години. Американската валута ослабе и во однос на јапонската, за 3,2 отсто, па нејзиниот курс потона на 149,75 јени. По три недели раст во кои достигна највисоки нивоа во последните две години, индексот на доларот драстично падна минатата недела.

Американската валута најмногу ослабе во однос на јапонската, што е последица на зголемената инфлација во Јапонија, што ги засили шпекулациите дека јапонската централна банка би можела да ги зголеми каматните стапки овој месец.

Од друга страна, еврото зајакна по пораката на Европската централна банка дека може да го забави темпото на намалување на каматните стапки. Минатата недела инвеститорите беа фокусирани на новите макроекономски податоци од САД, кои покажаа дека економијата продолжува да расте, а пазарот на трудот е солиден.

Тоа значи дека американската централна банка не треба да брза со намалување на каматните стапки. Дотолку повеќе што новите податоци покажаа дека инфлацијата не се намалува толку брзо како што се надеваа инвеститорите, па се уште се движи над целните нивоа на ФЕД од 2 отсто.

Поради сето ова, шпекулациите дека ФЕД ќе продолжи со агресивно намалување на каматните стапки стивнаа. Мора да се признае, пазарот сè уште очекува ФЕД да ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени на состанокот во декември, но надежите дека ќе ги намали каматните стапки во јануари и март следната година се избледени.

Тагови
реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Финансиски хороскоп за јули 2025: Кој ќе отплати стари долгови?

Read more

Бизнис

Американската побарувачка ги крена цените на нафтата

Read more

Потрошувачите го возвраќаат ударот: Групна тужба против Booking.com

Read more

Волстрит се приближува до рекордни нивоа

Read more

Нагло паднаа цените на природниот гас во Европа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Читај повеќе

Пуч во Хеброн или пропаганда: Палестински шеици предлагаат основање емират и признавање на Израел

Читај повеќе

Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Читај повеќе

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Читај повеќе

Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

Читај повеќе

Полска воведува контроли на границите со Германија и Литванија поради страв од миграција

Читај повеќе

Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Читај повеќе

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Читај повеќе

Прва жртва од пожарите во Скопско

Читај повеќе