Доларот слабее, благ пад на цената на нафтата

На азиските берзи пораснаа цените на акциите, како и на Волстрит ден претходно, откако претседателот на американската ФЕД, Џером Пауел изјави дека веќе во декември може да има забавување на темпото на зголемување на каматните стапки. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше околу 7 часот порасна за околу 1 процент.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај, Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 1,3 отсто. Азиските инвеститори беа охрабрени од силниот скок на Волстрит вчера. Dow Jones порасна за 2,2 отсто, додека S&P 500 скокна за 3,1 отсто, а Nasdaq индексот за 4,4 отсто.

Ова е благодарение на пораката на Пауел дека уште во декември ФЕД може да го забави темпото на зголемување на каматните стапки. Затоа, повеќето аналитичари сега очекуваат централната банка да ги зголеми каматните стапки за „само“ 0,50 процентни поени во декември, по серијата зголемувања од 0,75 поени.

Банката на федерални резерви, по агресивното заострување на монетарната политика од почетокот на годината, е во позиција да го забави темпото на зголемување на каматните стапки, рече Пауел, но тој исто така предупреди дека ФЕД ќе ја задржи рестриктивната политика извесно време додека инфлацијата се намалува.

„И покрај некои ветувачки знаци, сè уште ни претстои долг пат за да ја вратиме стабилноста на цените“, рече Пауел во говорот во Институтот Брукингс. Тој, исто така, предупреди дека клучните прашања остануваат отворени, вклучително и до кое ниво ќе треба да се зголемат каматните стапки и колку долго тие ќе останат на тие нивоа.

„Берзата го следеше говорот на Пауел со заморен здив, чекајќи одговори на прашањата за времетраењето и интензитетот на затегнувањето на ФЕД. Не ги доби, но сè што ја поддржува надежта дека ФЕД ќе биде помалку агресивен е позитивно за акциите, барем на краток рок“, рече Чак Карлсон, директор во Horizon Investment Services.

Берзите се поддржани и од надежта на инвеститорите дека Кина наскоро ќе ги олабави рестриктивните мерки насочени кон борба против COVID-19. Кинеските власти утринава донекаде ја омекнаа реториката за опасноста од овој вирус, а некои градови ги олеснија ограничувањата за коронавирусот. Аналитичарите сметаат дека тоа е последица на најголемите протести во голем број градови во последната деценија, откако на власт е претседателот Си Џинпинг, иако властите не ги ни споменуваат овие протести.

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително падна, по коментарите на Пауел и откако во ноември потона за 5,2 отсто. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,70 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,72 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 138,60 на 136,75 јени, блиску до најниското ниво во последните три месеци. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0435 долари, додека вчера во ова време беше 1,0345 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,2 отсто, на 86,80 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,1 отсто, на 80,50 долари.

реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Бизнис

Пад на Волстрит - се чекаат бројките од Црн петок и Сајбер понеделник

Read more

Нов притисок за цените на нафтата

Read more

Цените на нафтата паѓаат четврта недела по ред: Трговците стравуваат од слабеење на побарувачката

Read more

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Хамас ослободи уште 12 заложници

Читај повеќе

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Читај повеќе

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе