Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Азиските берзи денеска се тргуваат внимателно, бидејќи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините, додека доларот зајакна во однос на кошничката валути.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше намален за 0,2 отсто во 7 часот наутро. Истовремено, индексот Nikkei се лизна за 1,4 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,5 и 0,6 отсто. Во Шангај и Хонгконг тие се зголемија за околу 0,3 отсто.

Доналд Трамп вчера најави дека штом ќе влезе во Белата куќа ќе ги зголеми царините за увоз на кинески производи за 10 отсто, а на Мексико и Канада за 25 отсто. Ова ги натера инвеститорите да бидат претпазливи, а повеќето азиски берзански индекси утрово се во минус.

Но, кинеските берзи благо пораснаа бидејќи зголемувањето на царините, велат аналитичарите, било очекувано.

„За време на претседателската кампања, Трамп најави воведување тарифи од 60 отсто за кинески производи, така што неговата нова порака за царини од 10 отсто е всушност позитивна“, објаснува Јанг Тингву, директор во Tongheng Investment.

Покрај тоа, инвеститорите се надеваат на нови стимулативни мерки од кинеските власти, со оглед на заканите на Трамп за царини.

„Кина веќе има искуство со трговската војна од првиот мандат на Трамп, така што сигурно веќе има планови како да се справи со тоа. Протекционистичката политика на Трамп може да ја охрабри Кина да го забрза процесот на постигнување самодоверба и замена на увозот“, вели Симон Ју, директор во Panyao Asset Management.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,37 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,95 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,10 на 154,05 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0460 долари, додека вчера во ова време беше 1,0480 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,25 отсто, на 73,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,23 отсто, на 69,10 долари.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Пет предупредувачки знаци дека јадете премногу јаглехидрати

Read more

Бизнис

Русија заработила околу 3 милијарди евра даноци од компании од ЕУ

Read more

Голем пад на светските берзи, Дедо Мраз заборави да дојде

Read more

Падна ИТ системот на аеродромите во Германија

Read more

Кои се десетте најбогати луѓе во светот?

Read more
 

Вести

Над 1.000 затвореници се приклучуваат на напорите за гаснење пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Глумците пеат на сцената на МНТ

Читај повеќе

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Читај повеќе

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Читај повеќе

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Читај повеќе

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Читај повеќе

Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Читај повеќе