Долг маратонски секс не e гаранција за оргазам

Истражувањата покажале дека на жените во хетеросексуални врски им треба повеќе време да постигнат оргазам во споредба со мажите.

Сепак маратонскиот секс не е гаранција за оргазам, ни за мажите, ни за жените. За жал, ако мажот не постигне оргазам, партнерката најчесто тоа го сфаќа лично и мисли дека таа е „лоша во кревет“.

Искрената комуникација е многу важна во секој сегмент од врската, па така и во сексот. Затоа, бидете искрени со партнерката и кажете ѝ на што се должи вашата неможност да постигнете оргазам во таа ситуација.

Речиси секој маж се има најдено во ситуација да не може да ејакулира за време на секс или да му треба повеќе време. Најчести причини зошто мажот не може да доживее климакс се користењето антидепресиви, повреда на грбот, како и т.н. психолошки бариери како страв партнерката да не забремени или обратно, под притисок, кога има секс со намера партнерката да забремени (најчесто кај двојки кои имаат проблем со зачнување).

Отворениот разговор за сексот може само да го подобри вашиот сексуален живот бидејќи секој ќе каже што му се допаѓа, што го возбудува и како најлесно стигнува до климакс.

Долгиот, маратонски секс не е гаранција за оргазам кај жената. Дали сексот ќе трае 30, 60 или 90 минути не е важно ако жената не е стимулирана на вистинскиот начин.

Околу 16% од жените воопшто не можат да доживеат оргазам само со вагинален секс, па потребна им е и дополнителна стимулација на клиторисот.

Отворено разговарајте за тоа што ви се допаѓа и разгледајте ја опцијата да користите секс играчки и помагала, како вибратор, за поголемо сексуално уживање.

реклама

Од 10 септември ќе им се промени животот на 4 хороскопски знаци

Read more

Салма Хајек откри како е да се работи со Анџелина Џоли

Read more

Фитнес тренер ги откри најдобрите извори на протеини за слабеење

Read more

Додатоци во исхраната што треба да ги земате ако имате над 50 години

Read more

Љубов и секс

Истражување откри која големина е идеална - одговорот може да ве изненади

Read more

Љубовен хороскоп за секој знак до крајот на септември

Read more

Кој ден паровите ширум светот најчесто имаат секс?

Read more

Зошто средовечните жени сакаат помлади мажи?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Kако се станува чистач на местото на злосторството?

Читај повеќе

Од 10 септември ќе им се промени животот на 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Додатоци во исхраната што треба да ги земате ако имате над 50 години

Читај повеќе

Фитнес тренер ги откри најдобрите извори на протеини за слабеење

Читај повеќе

5 најчести болести кои децата ги фаќаат во училиште

Читај повеќе

Седум навики на успешните жени - со нив можете да добиете сè што сакате

Читај повеќе

Лекар предупредува за два вида млеко кои предизвикуваат сало на стомакот

Читај повеќе

Светски ден за превенција на самоубиства: Кога е потребна помош?

Читај повеќе

Кога јаткастите плодови не се здрави за нас?

Читај повеќе