Долгата историја на војната за Нагорно-Карабах

МИА / КАЈГАНА
/ 28.09.2020 / 13:51

Корените на конфликтот околу планинската област Нагорно-Карабах датираат од 1923 година, кога советските комунистички власти ја даваат на Азербејџан и покрај тоа што во тоа време во неа живеат 96 проценти Ерменци.

Тоа не беше голем проблем, додека не почна распаѓањето на Советскиот Сојуз, кога стана јасно дека ќе се појават независни држави. Ерменското население на Нагорно-Карабах сакаше да остане во татковината, што беше потврдено на референдум, а Азербејџан се обиде да ја укине автономијата и регионот целосно да го стави под контрола. Избувна војна, која траеше од 1988 до 1994 година, а во 1991 година регионот се самопрогласи за независен под името Арцах со главен град Степанакерт.

Со својата стратешка положба, Арцах, низ кој поминуваат меѓународни нафтоводи и гасоводи во граничната зона меѓу двете земја, има околу 11.000 квадратни километри и 150.000 население.

Ерменија има околу 3 милиони жители. Азербејџан е економски посилен, има гас и нафта, има речиси трипати повеќе жители од Ерменија и добива огромна помош од етнички и историски блиската Турција.

Според последните информации, во регионот Нагорно-Карабах се водат жестоки битки меѓу ерменската и азербејџанската армија. Претставник на Министерството за одбрана на Ерменија изјави дека се убиени околу 200 азербејџански војници. Билансот на ерменската страна е помеѓу 20 и 30 убиени (според различни извори) и над 100 ранети. Воена состојба е прогласена во двете земји. Во Ерменија, во регионот Нагорно-Карабах, се мобилизираат и резервисти.

Претседателот на самопрогласената Република Арцах, каде се наоѓа регионот Нагорно-Карабах, Арајик Харутјунјан, рече дека азербејџанската армија за време на нападот користела турски авиони F-16 кои веќе еден месец се наоѓаат во Азербејџан заради воени вежби.

Remote video URL

Според Спутник, тоа е доказ дека Азербејџан користи најмодерно оружје, кое ѝ е на располагање на турската армија.

Москва, Вашингтон и Брисел бараат итно да се стави крај на конфликтот. Според нив, најважно е да се остави оружјето за двете страни да се вратат на преговори и да се бараат дипломатски и политички решенија во рамките на Групата од Минск, ОБСЕ и ОН, со мировно посредништво на Европската Унија и Русија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе