Долго чувана тајна: Србите погодиле и втор F-117 за време на бомбардирањето на НАТО

Познато е дека Србите соборија еден F-117 за време на бомбардирањето на НАТО, но досега беше непознато дека бил погоден и втор „невидлив“ борбен авион.

Американскиот портал The Drive наведува дека деталите за тоа што се случило со другиот авион станале познати дури неодамна, а пензионираниот потполковник на американското воено воздухопловство и поранешeн пилот на F-117, Чарли „Туна“ Хајнлajн, лично потврди во подкастот Afterburn она што многу години беше само гласина.

„Нашата противвоздушна одбрана успеа да погоди друг стелт-авион, но тој сепак успеа да се врати во базата во Германија“, пишува српски Новости.

Точниот датум кога се случило погодувањето не е познат, но сигурно е дека овој настан се случил во текот на април 1999 година по соборувањето на првиот F-117.

Во текстот се потсетува дека на четвртиот ден од бомбардирањето на НАТО, припадниците на Третата ракетна дивизија на 250-та ракетна бригада на Југословенската противвоздушна одбрана го соборија F-117А, американско „чудо од авион“ со стелт-технологија, кој стекна репутација на „невидлив“ во Заливската војна во Ирак.

Пилотот Дејл Зелк беше безбедно евакуиран од американските сили, а неговиот авион заврши во полето во атарот на селото Буѓановци во близина на Рума.

Во своето сведочење, Хајнлајн опиша како бил погоден вториот F-117. Тој изјави дека два „невидливи“ авиони, придружени со авиони F-16, ја започнале акцијата над Белград од базата во Германија. Тој управувал со F-117, а кога биле над Нов Белград и двајцата „невидливи“ биле нападнати од ракети истрелани од српската ПВО.

„Погледнав десно кон небото над Белград и видов како се приближува огромна ракета. Изгледаше како Saturn V. Знаев дека мојот дечко број два е таму некаде. Потоа видов уште едно лансирање и силно светење, чад, а потоа и огнена топка како доаѓа кон мене“, рече тој.

Американскиот пилот наведува дека сепак успеал да ја избегне експлозијата на проектилот и соборување на неговиот авион со помош на автопилотот и да ја изврши својата мисија, односно да ја бомбардира поставената цел.

„На враќање, сепак, сфатил дека другиот авион е сериозно оштетен, но и двата авиона сепак успеаја да се вратат во базата“, објави Новости, цитирајќи објава на српски Курир.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе