Долниот дом на француското Собрание неделава треба да го ратификува Протоколот за НАТО

Скопје, 18 ноември 2019 (МИА) – Националното Собрание на Франција в четврток ќе расправа за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Долниот дом на францускиот Парламент се очекува по расправата да го ратификува Протоколот, откако претходно на 17 октомври тоа го стори Сенатот.

По француската ратификација ќе остане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој сѐ уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.

Во образложението на предлогот, дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи, се наведува дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“.

- Франција ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на индивидуалните постигнувања на земјите кандидати и нивниот придонес за безбедноста на евроатланстката област, се додава во образложението.

Очекувањата беа дека Протоколот ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки до Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон, но во Шпанија на 10 ноември се одржаа избори, а таму според процедурите новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Премиерот Зоран Заев завчера од партиската трибина „На прав пат“, на СДСМ во Велес порача дека земјава ќе стане членка на НАТО до крајот на јануари.

Тој рече дека разговарал со шпанскиот премиер Педро Санчес, кој му кажал дека брзо ќе формира влада по вонредните парламентарни избори на 10 ноември.

- Вчера имав прилика да зборувам со шпанскиот премиер. Шпанија бргу ќе формира Влада. Ќе ја имаме ратификацијата за НАТО која ја очекуваме. На крајот на ноември Франција исто така ќе го ратификува во парламентот, оти веќе Сенатот заврши. Така сите земји ќе ги ратификуваат протоколите. Верувам дека во јануари, на свечен начин, македонскиот парламент ќе ја направи последната ратификација, како 30-та земја-членка. Со тоа ќе станеме земја-членка на НАТО“, истакна Заев.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вчера на трибината на Форумот на жени на СДСМ, насловена „20 години чекориме на патот на еднаквоста“ меѓудругото порача дека токму во овој мандат, кога жена ја води одбраната, влегуваме во НАТО.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров во среда во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет, кој ќе се одржи на ниво на министри за надворешни работи. Со состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Првиот човек на Алијансата во интервју за Гласот на Америка минатата недела нагласи дека еден од најголемите успеси на НАТО е фактот што со скорешното приклучување на Северна Македонија од почетните 12, Алијансата станува сојуз од 30 земји.

– Еден од најголемите успеси на НАТО е фактот што со скорешното приклучување на Северна Македонија, од почетните 12, ќе станеме сојуз од 30 земји. Многу од нив се членки на ЕУ. Сето тоа значи дека стотини милиони луѓе веќе се придружија на демократијата и економскиот просперитет. Со тоа Европа станува пообединета и помирна од кога и да било претходно, нагласи Столтенберг.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници во Алијансата, документот треба да биде ратификуван и во Собранието на Северна Македонија, со што земјата станува 30-та членка на НАТО.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе