Англиската хумористична серија Fawlty Towers по повеќе од 40 години повторно ќе се снима, јавува BBC.

Џон Клиз, кој го глумеше Базил Фолти, ќе се врати како писател и актер во серијата заедно со ќерката Камила Клиз.
Серијата, која се емитуваше две сезони на BBC2 во 1975 и 1979 година, ги следеше животите на хотелиерот Фолти и неговата сопруга Сибил додека се обидуваат да го спасат нивниот хотелски бизнис и нивниот брак.
Новите епизоди од серијата ќе се фокусираат на тоа како циничниот и саркастичен Базил се справува во модерното време.
Продуцентската куќа Castle Rock Entertainment во вторникот објави дека потпишала договор со Клиз за оживување на популарната телевизиска серија.
Во новите епизоди, Базил и неговата ќерка, за која штотуку открива дека е негова, ќе се здружат и заедно ќе водат хотел.