Донарума: Ибра е човек-ѕвер

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, даде големо интервју за Sky Sports Italia во кое нагласи дека сака да остане во Милан и да освојува трофеи.

Исто така го пофали влијанието на тренерот Стефано Пиоли и на напаѓачот Златан Ибрахимовиќ кој зимава се врати во Италија.

21-годишниот Донарума е еден од најталентираните голмани во светот, а лошите резултати на Милан во изминативе години постојано се спомнуваат како причина за негово можно заминување.

Сепак, Донарума нагласува дека тоа не е точно.

„Сакам да станам најдобриот голман и да освојувам што е можно повеќе титули со Милан. Сакам да освојам и Светско првенство, тоа исто така ми е на листата на приоритети“, рече Џиџи.

Милан лошо тргна во сезоната, но почна да се крева на нозе со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ. По паузата поради коронавирусот се една од најдобрите екипи во првенството и имаат добри шанси да ја уловат Рома на четири кола пред крајот. Рома има два бода повеќе и го држи петтото место кое води директно до Лига Европа.

„Задоволен сум од тоа како работиме во последно време. Благодарен сум на тренерот кој секогаш има убави зборови за мене, секогаш ќе давам се од себе за него, тој е прекрасна личност и прекрасен тренер. А Ибра, тој е човек-ѕвер, феномен. Ни дава многу и го слушаме. Ни дава дополнителна сила, што ни недостигаше, не сака да губи, дури и на тренинзи. Ни го јакне менталитетот“, вели Донарума.

URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе