Лука Дончиќ одигра уште една одлична партија и му донесе триумф на Далас против Лос Анџелес Лејкерс.
Маверикс на домашен терен славеа против Лејкерс со 128:110, а Словенецот оствари трипл-дабл.
Дончиќ натпреварот го заврши со 34 поени, 12 скока и 12 асистенции за само 30 минути минати на паркетот, а уште шест негови соиграчи постигнаа двоцифрен број на поени.
На другата страна не играше Леброн Џејмс, а најдобар кај Лејкерс беше Малик Монк со 28 поени, додека Расел Вестбрук додаде 25.
Лејкерс со овој пораз паднаа на 11-тата позиција во Западната конференција, која не води ниту во плеј-офот.
Резултати:
Филаделфија 76ерс - Милвоки Бакс 116:118
Вашингтон Визардс - Чикаго Булс 94:107
Бруклин Нетс - Детроит Пистонс 130:123
Далас Маверикс - Лос Анџелес Лејкерс 128:110
Лос Анџелес Клиперс - Јута Џез 121:115
Табела: