НБА 2022/2023

Дончиќ е незапирлив - 60 години никој немал ваков почеток на сезоната

Лука Дончиќ продолжи да брилјира сезонава играјќи нова партија за паметење со која влезе во историјата на НБА.

Далас Маверикс ја запиша четвртата последователна победа и тоа против Бруклин Нетс со 96:94, а Дончиќ и деветти натпревар по ред успеа да уфрли барем 30 поени.

Дончиќ беше и најефикасен на натпреварот во „Американ Ерлајнс Сентр“ арената во Далас, оставајќи го зад себе Кевин Дурент со 26 поени. Никој друг не ја надмина границата од 20 поени, но дабл-дабл учинот му појде од рака на Николас Клакстон од редовите на гостите со 10 поени и 14 скокови.

Remote video URL

Против Нетс словенечкото чудо забележа 36 поени со 6 скокови и исто толку асистенции. Пред овој натпревар уфрлуваше 32, 35, 37, 41, 31, 44, 33 и 35 поени, соодветно.

URL

Неговата низа е втора најдолга во историјата на НБА лигата, а најдобра во последните 60 години откако Вилт Чејбрлејн во сезоната 1962/1963 одигра 23 последователни натпревари од почетокот на сезоната во кој постигна 30 или повеќе поени.

Рекордот на легендарниот Чејбрлејн е прилично голем, но како игра Словенецот не би нѐ изненадило доколку успее да го сруши. Сѐ уште не е ни до пола од рекордот на Чејбрлејн, има 9 од 23, значи му недостасуваат уште 14 натпревари со барем 30 поени, па останува да видиме до каде ќе успее да стигне и дали можеби ќе стане новиот рекордер.

Инаку, ноќеска се одиграа дури 15 натпревари во најдобрата кошаркарска лига во светот, а интересно, ниту еден не беше одлучен на продолженија. Натпреварот во кој играше Дончиќ беше единствениот во кој ниту еден тим не стигна до 100 поени.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Вашингтон Визардс 100:108
Органдо Меџик - Хјустон Рокитс 127:134
Детроит Пистонс - Оклахома Сити Тандер 112:103
Идијана Пејсерс - Њу Орлеанс Пеликанс 129:122
Филаделфија 76ерс - Феникс Санс 100:88
Атланта Хокс - Милвоки Бакс 117:98
Мајами Хит - Портланд Треил Блејзерс 107:110
Чикаго Булс - Торонто Репторс 111:97
Менмфис Гризлис - Бостон Селтикс 106:109
Минесота Тимбервулвс - Њујорк Никс 107:120
Сан Антонио Спарс - Денвер Нагетс 109:115
Далас Маверикс - Бруклин Нетс 96:94
Голден Стејт Вориорс - Сакраменто Кингс 116:113
Јута Џез - Лос Анџелес Лејкерс 139:116
Лос Анџелес Клиперс - Кливленд Кавалирс 119:117

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе