Дончиќ, Паркер и Дурент на насловната на „NBA 2K22“

Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, кошаркарката на Чикаго Скај, Кендис Паркер, и ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, ја имаат честа нивна фотографија да ја краси насловната на новата игрица „NBA 2K22“.

НБА го слави својот 75-ти роденден, а по тој повод, легендите на НБА, Карим Абдул-Џабар и Дирк Новицки, ќе бидат на насловната на „NBA 75th Anniversary Edition“ (заедно со Кевин Дурент).

Дурент и претходно беше на насловните на игриците, поточно „NBA 2K13“ заедно со Блејк Грифин и Дерик Роуз, како и „NBA 2K15“.

Што се однесува до Новицки и Дончиќ, тие се првите играчи на Далас Маверикс кои се најдоа на насловната на една НБА игрица.

Дел од споменатите ѕвезди по овој повод се огласија на социјалните мрежи.

„Исклучително сум горд што сум првата жена на насловната страница во историјата на игрицата 'NBA2K'. Чест ми е што работам со компанија која инвестира во жени и верува во нашиот успех. Се надевам дека и други одлични жени ќе дојдат после мене“, напиша Паркер на Twitter.

URL

„Почестен сум што ја споделувам насловната на „NBA2K 75th Anniversary Edition“ со великаните Карим Абдул-Џабар и Дирк Новицки“, рече Дурент.

„Не сум сигурен кои се овие други момци, но чест ми е што се најдов на насловната на игрицата 'NBA 2K22'. Благодарам“, се пошегува Новицки.

URL

„Чест е да се биде на насловната на игрицата 'NBA 2K22'. Благодарам“, додаде Дончиќ.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе