НБА 2024/2025

Дончиќ со рекорден број поени за Лејкерс, Кари испиша историја со бројот на тројки

Милвоки Бакс го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 126:106 и покрај брилијантниот настап на Лука Дончиќ, кој постигна 45 поени.

На тој учинок Словенецот додаде 11 скокови, а до полувремето веќе постигна 29 поени. Неговите 45 поени се негов најголем број поени од доаѓањето во Лејкерс, но ниту тоа не беше доволно за тимот од Лос Анџелес.

Остин Ривс додаде 28 поени за Лејкерс, кои го загубија третиот последователен натпревар. Леброн Џејмс го пропушти вториот натпревар по ред поради истегнување на левата препона.

Кај Милвоки, Јанис Адетокунбо оствари дабл-дабл учинок со 24 поени, 12 скокови и 9 асистенции, Брук Лопес постигна 23 поени, додека Демиен Лилард и Кевин Портер Џуниор додадоа по 22, со тоа што Лилард имаше и 10 асистенции.

Remote video URL

Воедно, Стивен Кари стана првиот играч во историјата на НБА со 4.000 тројки во кариерата во меч во кој Голден Стејт Вориорс го совладаа Сакраменто Кингс со 130:104 и ја остварија шестата последователна победа.

Кари постигна 11 поени, со што рекордот го достигна во третата четвртина.

Вориорс ги предводеше Дрејмонд Грин со 23 поени, а исто толку кај Кралевите постигна Маркус ДеРозан.

Резултати:

Детроит Пистонс - Вашингтон Визардс 125:129
Милвоки Бакс - Лос Анџелес Лејкерс 126:106
Чикаго Булс - Бруклин Нетс 116:110
Њу Орлеанс Пеликанс - Орландо Меџик 93:113
Голден Стејт Вориорс - Сакраменто Кингс 130:104

Табела:

реклама

Кошарка

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Read more

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Read more

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Read more

Дејвис го предводеше Далас до голема победа, Чикаго и Сакраменто елиминирани

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Читај повеќе

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Читај повеќе

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Читај повеќе

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Читај повеќе

Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Читај повеќе