Кошарка
НБА 2019/2020

Дончиќ и Ленард си ги измерија силите во Тексас

22. јануари 2020 - 10:36 | А.С.

Кошаркарите на Далас Маверикс синоќа беа поразени од Лос Анџелес Клиперс во центарот American Airlines во Тексас  со резултат 110:107.

Во првите 12 минути од натпреварот се играше главно „кош за кош“ и резултатот беше 24:24. Гостите во втората четвртина дојдоа до двоцифрена предност и на пауза заминаа со водство и резултат 60:49.

Маверикс во завршницата на третата четвртина успеаја да ја намалат разликата на четири (78:82), а во последните 12 минути и да го преземат водството, но сепак останаа без победа.

Синоќешниот натпревар беше вистинска сензација, настан на кој силите си ги измерија Лука Дончиќ и Кавај Ленард.

И двајцата постигнаа по 36 поени, со таа разлика што иако Лука додаде 10 скока и 9 асистенции, сепак во квалитет беше надигран од Кавај.

Коментирај