Џони Деп конечно ги среди забите и покажа нова, блескава насмевка

Минатата година Џони Деп ги загрижи фановите со својот изглед, а најголемо внимание привлекоа неговите заби кои изгледаа како да се целосно расипани.

Актерот сега беше снимен на одмор на Бахамите и изгледа целосно опуштено и расположено.

Се ракуваше со обожавателите во кафуле, па дури и застана зад шанкот и му помогна на шанкерот да му ја подготви пијачката.

Деп на видеото се смееше неколку пати, а фановите во коментарите забележаа дека 61-годишниот актер си ги поправил забите.

„Мислам дека неговите заби изгледаат подобро од било кога“, „Забите конечно се прави и бели“, „Дефинитивно ги средил забите. Изгледа подобро од кога било“, се дел од коментарите.

Потсетуваме, славниот актер отсекогаш имал проблеми со оралната хигиена, а тоа го потврдува и неговата изјава од 1995 година за магазинот Premiere.

„Имам еден куп кариес. Правев коренски канал пред 8 години и не е довршен. Тоа е како мало расипано парче. Горд сум на своите заби", рекол тогаш Деп.

Исто така објасни дека не сака луѓе со чисти бели заби. Наведе дека и покрај лошите заби, не сакал да престане да пие црвено вино и да пуши цигари.

Тагови
реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Филм & ТВ

Дали третата сезона на And Just Like That... ќе ја донесе возбудата што ја чекавме?

Read more

Филмот сепак нема да биде крај на Peaky Blinders: Серијата ќе добие седма сезона

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Read more
 

Сцена

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дали третата сезона на And Just Like That... ќе ја донесе возбудата што ја чекавме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот сепак нема да биде крај на Peaky Blinders: Серијата ќе добие седма сезона

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Читај повеќе
  • filter

Заврши 30. Моден викенд Скопје: Бастион на новите идеи и дом за вљубениците во модата

Читај повеќе
  • play_arrow

Виз Халифа верува дека Земјата е рамна

Читај повеќе
  • filter

Од писта до публика: Како Моден викенд Скопје ја слави индивидуалноста?

Читај повеќе