Џони Деп ме тепаше уште пред да се венчаме, тврди Амбер Херд

Амбер Херд сведочеше дека поранешниот сопруг Џони Деп клекнал врз неа и ја удирал по задниот дел на главата во расправија пред да стапат во брак. Деп наводно ја обвинил дека го изневерува со колега.

Џони Деп (57) го тужи издавачот на таблоидот The Sun поради објавен текст во кој се наведува дека е „женотепач“, што тој го негира, а весникот тврди дека е точно.

Актерот ги негира сите обвиненија за домашно насилство врз кои News Group Newspapers ја заснова својата одбрана.

Пред Врховниот суд во Лондон, на десеттиот ден од судењето, актерката Амбер Херд сведочеше дека била жртва на постојано и редовно физичко насилство пред и за време на бракот со Деп.

Адвокатите од правната канцеларија што го застапува Деп, Eleanor Laws QC, ја праша Херд за нејзините обвиненија за расправијата во јануари, 2015 година, наведувајќи дека расправијата била околу предбрачниот договор со Деп.

„Имаше расправија во хотелска соба во Токио која кулминираше со физички напад во кој Џони ми клекна на грбот и ме удираше по задниот дел на главата“, рече Херд пред судот.

Херд рече дека Деп ѝ рекол дека не сака предбрачен договор, но дека сестра му, Кристи Дембровски, сакала двојката да потпише таков договор.

„Тој спомна дека на тоа инсистирала Кристи, сестра му, која му ги води работите. Рече дека таа сака, а не тој, дека ми верува и ми повторуваше дека единствен начин за излез од бракот е смрт.“

Но, потоа почнал да ја обвинува дека има афера и тоа било вистинската причина за жестоката расправија.

Херд исто така на прашање на адвокатите рекла дека во поглед на носење на одлуките во врската, таа била речиси безгласна и немала никаква моќ на одлучување за тоа.

Случајот на Деп се заснова врз текстот објавен на веб-страницата на The Sun во април, 2018 година со наслов: „Gone Potty: How can JK Rowling be 'genuinely happy' casting wife beater Johnny Depp in the new Fantastic Beasts film?“.

Во текстот се наведуваат обвиненијата на Херд, која беше во брак со Деп од 2015 до 2017 година.

Се очекува парницата да трае три недели. Деп ги негира обвиненијата на Деп и вели дека напротив, Херд била насилниот партнер во врската.

Поранешната сопруга на Џони Деп, Ванеса Паради и неговата поранешна девојка Винона Рајдер во Врховниот суд во Лондон, Англија, сведочеа дека тој не е човек што би удрил жена.

 

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе