Џонс по неверојатната трансформација се враќа во октагонот

Џон Џонс (35) и Сирил Гејн (32) ќе се борат за титулата шампион во тешка категорија во сабота во Лас Вегас на УФЦ настанот 285.

Во пресрет на натпреварот, најмногу се зборува за чудесната трансформација што му се случи на Џонс, еден од најголемите борци на сите времиња.

Ова ќе биде враќање на Џонс во октагонот по повеќе од три години, и тоа во тешка категорија откако 12 години беше во полутешка категорија.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од официјалната фотосесија на УФЦ, на кои е видна разликата во телото на Џонс додека се бореше во полутешка категорија и новиот изглед за пресметката во тешка категорија со Гејн.

URL

Џонс претходно имаше една борба во тешка категорија, но во 2008 година, така што ова ќе биде ново искуство за еден од најдобрите борачи во историјата.

Да потсетиме, тешката категорија остана без шампион откако Френсис Нгану си замина од УФЦ.

Еден од кандидатите за борбата беше Стипе Миочиќ, кој потврди дека преговарал со УФЦ.

Сепак, на крајот УФЦ одлучи Гејн да биде ривал на Џонс.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе