Досега 55 позитивни на COVID-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти. Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработените, информира денеска на прес-конференција Иринка Сотирова-Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, претставувајќи ја состојбата со кластерите на заразени со COVID-19 коишто се појавија во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово.

Во Тетово се издадени осум решенија на лица кои биле позитивни на COVID-19 за домашно лекување и самоизолација, а 54 решенија за здравствен надзор и изолација по основ на контакти. Досега се завршени 70 тестирања од планираните 150.

Сотирова-Бухова потенцираше дека овие бројки се однесуваат само на позитивните и контактите кои се ажурирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во таа бројка не се внесени кластерите во фамилии или другите позитивни лица.

-Правните субјекти и текстилните фабрики во Штип покажаа исклучително почитување на протоколите со што веднаш по појавување на еден позитивен вработен престанаа самоиницијативно со работа, рече Сотирова-Бухова.

Таа демантираше дека во конфекците продолжила работата и прецизира дека таму денеска во присуство на надлежните инспекторати се врши тестирање, односно се земаат брисеви од вработените и нивното присуство таму е само од таа причина.

Апелира до сите лица кои имаат добиено решенија од ДЗСИ исклучително да се придржуваат по препораките во решението, односно да не ги напуштаат домовите. Постапување спротивно на ова решение е казниво по закон, истакна директорката на ДСЗИ, повикувајќи го и Министерството за внатрешни работи да го контролира почитувањето на решенијата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе