Фудбал
1.МФЛ 2019/20

Достаниќ го освежи Работнички и веднаш победи

18. февруари 2020 - 18:05 | Ф.З.

Последнопласираниот тим во македонската Прва лига имаше успешен старт на пролетниот дел откако минимално триумфираше на гостувањето во Струга.

Екипата на дебармаалски Работнички оствари многу важна победа со која фати прикличок во борбата за излегување од опасната зона. И тоа победа остварена на незгодно гостување кај директен конкурент за опстанок.

„Романтичарите“ победничкиот гол го постигнаа во 34. минута преку младсиот Давид Тошески кој налета на една топка по блокираниот удар на Николче Шаркоски. Работнички до последниот свиреж успеа да го задржи водството.

Нов стратег на клупата е српскиот тренер Ратко Достаниќ. Тоа е истиот оној кој летото 2008 дојде во Вардар, но замина по само неколку месеци во знак на револт дека Македонија ја призна независноста на Косово.

Достаниќ за време на зимскиот преоден рок смени повеќе од половината од играчкиот кадар, составувајќи нов тим. Мна првиот официјален натпревар и тао како се примети освежувањето бидејќи тимот на зелениот терен изгледаше далеку подобар.

„Мислам дека Работнички заслужено ги освои бодовите. Морам да им честитам на момците за борбеноста и тимскиот дух, тоа се постулатите што треба да ја красат играта на нашиот тим. Имавме проблеми и со грипот кај одредени фудбаолери, но и тоа успеавме да го надминеме. Сепак, нема еуфорија, за Работнички секој натпревар оваа пролет ќе биде многу важен бидејќи се наоѓаме на последната позиција на табелата. Се надевам дека ќе успееме тоа да го промениме со добри игри и успешни резултати“, рече Достаниќ за клупската веб-страница.

Оваа победа е саамо петта за клубот сезонава, но со која се врати во живот бидејќи сега е на минус 2 од осмиот Борец, а Струга е на минус 6.

Во наредното коло в недела Работнички го пречекува градскиот ривал Шкупи на „Тоше Проески“.

Коментирај