Довициозо ќе го напушти Дукати на крајот на 2020 година

Италијанецот Андреа Довициозо ќе го напушти тимот на Дукати во Мото ГП по завршувањето на тековната сезона, потврди менаџерот на вице-шампионот за последните три години, Симоне Батистела.

Довициозо се приклучи на тимот од Болоња во 2013 година и беше еден од главните фактори за заживување на италијанскиот тим и неговото враќање кон победите.

Преговорите меѓу Дукати и Довициозо беа многу турбулентни. Во четвртокот, шефот на италијанскиот тим изјави дека иднината на Дови ќе се реши по два последователни тркачки викенди на „Ред Бул Ринг“, но разделбата меѓу двете страни го најави пилотскиот камп пред почетокот на квалификациите за Големата награда на Австрија.

– Денес го известивме Дукати дека Андреа нема намера да ја продолжи својата врска со тимот. Сега тој сака да се фокусира на првенството и на овие натпреварувања, изјави Батистела за „Скај Италија“.

Менаџерот на Довициозо додаде дека немало вистински разговори за економската страна на договорот меѓу двете страни.

Не е јасно дали Италијанецот ќе ја продолжи својата тркачка кариера во кралската класа, бидејќи единствено работно место во фабрички тим е во Априлија, но италијанскиот тим се уште чека на развој на скандалот со допингот со Андреа Јаноне, пред да одлучи кој ќе биде тимски колега на Алеиш Еспаргаро.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе