Џозеф: Бугарското малтретирање на Северна Македонија е веќе и проблем на НАТО

Б.С.Б.
/ 25.06.2022 / 14:37

Американскиот претседател Џо Бајден не може да дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да  се сили и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Северна Македонија, затоа што е членка на ЕУ, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф.

– Тоа е веќе и проблем на НАТО. Тоа не можеме да го дозволиме. Ова е сојуз, НАТО е сојуз, не може САД да толерира агресија кон идентитетот, искористување на силата, на овој начин. Ова е сериозно, не е мало прашање. Идентитетот на луѓето е поврзан со идентитетот на државата, со напредокот на државата, со внатрешната стабилност и добрите односи меѓу Македонците и Албанците, што е наш интерес. Од друга страна интерес на Владимир Путин се поделбите и конфликтите. Поделба меѓу Бугарите и Македонците, поделби меѓу Албанците и Македонците, меѓу Србите и Косовците, сето ова. Путин тоа го сака во Украина, тоа го сака и на Балканот, поделби, конфликти, додека интересот на САД е да се запре сето тоа, почнувајќи со афирмација во официјална пишана форма на македонскиот идентитет, вели Џозеф во интервју за ТВ Клан Македонија.

Според него, на тој начин со американската афирмација на македонскиот идентитет, нација и јазик, ќе се испрати порака до Софија: „Вие никогаш нема да победите, никогаш нема да го избришете македонскиот идентитет“.

Тој смета дека тоа е сигналот што им треба во Бугарија и на бугарските лидери, како премиерот Кирил Петков, кои сакаат да го решат ова прашање.

– Им даваат простор на историчарите во заедничката комисија да разговараат, врз експертска основа, а не врз основа на сила, од типот „ние сме посилни од вас, па не мораме да ги почитуваме одредбите од  Договорот за пријателство, вие мора да ја слушате нашата верзија на историјата, со сила“. Тоа е против принципите на НАТО, на ЕУ и на САД, додава Џозеф.

Според него, по падот на Владата на Петков, како технички премиер во Бугарија би можел да се врати Стефан Јанев, кој како министер за одбрана руската агресија врз Украина ја нарекуваше „специјална воена операција“.

– Значи ќе имаме човек на Путин, кој одново ќе го води шоуто во Бугарија, членка на НАТО и ЕУ. Тоа е голем проблем за претседателот Бајден. Тоа е голем проблем за НАТО. Дополнително, во Северна Македонија имаме лојална членка на НАТО, земја што пружа целосна поддршка за Украина. Знаеме дека лидерството на земјата, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ќе се соочат со остри критики, загрижености и напади. Тоа веќе го видовме од ВМРО, од Христијан Мицковски. Значи веќе имаше реакции поради францускиот предлог овде. Ова значи дека претседателот Бајден ќе има двојна криза овде. Односите меѓу две земји, сојузнички во НАТО  ќе се влошат, а тоа е загриженост за САД, оценува Џозеф.

Запрашан за коментар на „францускиот прелог“, Џозеф вели дека не верува оти Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон имале „лоши мотиви“, туку проблемот е во „слабоста и немоќта на Европската Унија“.

– Значи Макрон, како и други ЕУ земји, и се разбира САД, иако не се членка на ЕУ, сакаат да биде кренато ветото и Северна Македонија и Албанија да можат да почнат преговори. Очајни се за да се крене ветото. Но, проблемот е што се многу слаби, а Бугарија ја користи таа ситуација, ја искористува, злоупотребувајќи го процесот на ЕУ. Правилата, протоколите на ЕУ велат дека не смеете да внесувате билатерални прашања во пристапниот процес. Тој процес се однесува на друго – дали Северна Македонија ги исполнува условите, дали спроведува реформи и владеење на правото и други прашања, но не за поплаки околу историјата и јазикот, истакнува Џозеф.

Тој смета дека во сегашните услови на ЕУ се потребни на САД „за запирање на Путин во Украина и за запирање на агресија кон идентитетот и малтретирањето од Бугарија“.

– Потребни се САД да се вклучат и да ја охрабрат Северна Македонија дека Вашингтон го признава македонскиот идентитет и да и пратат сигнал на Бугарија дека „нема никогаш да ја постигне својата цел, никогаш нема да го избрише македонскиот идентитет“. Тоа е клучното, заклучува Џозеф во интервјуто. 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе