Дресот на Марадона од Мундијалот 1986 на аукција

Дресот, кој аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона го носеше кога постигна гол во четвртфиналето против Англија на Мундијалот 1986, две години по неговата смрт ќе биде понуден на продажба, објави денеска аукциската куќа Sotheby's, изразувајќи надеж оти предметот ќе може да достигне цена од над пет милиони долари.

Повеќе од 35 години сопственик на легендарниот дрес со бројот 10 е поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој по завршувањето на четвртфиналето го размени својот дрес со Марадона. Победата на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година е една од најконтроверзните во историјата на мундијалите токму поради голот што Марадона го постигна со рака.

Поранешниот англиски репрезентативец, кој својата автобиографија ја наслови „Човекот со дресот на Марадона“, дресот му го довери на Националниот фудбалски музеј во Манчестер за таму да биде изложен и вети по смртта на Марадона во 2020 година дека предметот нема да се продава, бидејќи има „неверојатна сентиментална вредност“.

Во меѓувреме, Хоџ очигледно се предомислил.

Sotheby's објави дека дресот ќе биде понуден на онлајн аукција од 20 април до 4 мај за почетна цена од четири милиони фунти (5.2 милиони долари). 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе