Древни кинески потонати бродови откриваат детали за Патот на свилата

Кинески научници почнаа со ископување на два кинески бродови потонати во Јужното Кинеско Море, стари 500 години, кои се полни со порцелан и дрво.

Порцеланот датира од династијата Минг, а остатоците се пронајдени во близина на брегот на Кина во Јужното Кинеско Море. Ископувањето беше потврдено од кинеската Национална управа за културно наследство (NCHA) и претставува голем подвиг на археологијата на големи морски длабочини.

Во април 2018 година беа лансирани два истражувачки проекти за проучување на стари бродоломи, а беа пронајдени и неколку потонати бродови кои датираат од ерата на Минг. Некои од нив се полни со порцелан и дрво, додека еден содржи повеќе од 100.000 парчиња порцелан кој е во добро сочувана состојба.

Остатоците се наоѓаат на длабочина од околу 1.500 метри долж северната падина на Јужното Кинеско Море и го покажуваат правецот на бродовите кои се движат во спротивни насоки.

NCHA брзо се организираше, направи план и ги заштити и обнови ископаните културни реликвии.

Бродовите 1 и 2 го привлекоа посебното внимание на археолозите, бидејќи датираат помеѓу 1488 и 1521 година и го покажуваат видот на трговијата што се одвивала на таканаречениот Пат на свилата. Директорот на одделот за археологија на NCHA, Јан Јалин, рече дека реликвиите од потонатиот брод бр. 1 се расфрлани на морското дно на површина од околу 10 квадратни километри.

„Добро сочуваните реликвии имаат огромна историска, научна и уметничка вредност. Тоа би можело да биде археолошко откритие од светска класа. Откритијата се клучен доказ за постоењето на поморскиот Пат на свилата, како и голем напредок во историско проучување на кинеската прекуокеанска трговија, навигација и порцелан“, рече Јан.

До средината на јуни, истражувачите се надеваат дека ќе ја проценат дистрибуцијата на двата потонати брода и ќе планираат опсежно собирање податоци на локацијата, веројатно собирање примероци од рекликвиите и составот на морското дно околу нив.

реклама

Вести

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Read more

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Read more

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Read more

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе