Дрон го сними моментот кога орка распарчува ајкула

Пред неполн месец пишувавме дека научниците открија кој стои зад мистериозните убиства на ајкули во водите на Јужна Африка - сега излезе и снимка од нова таква случка.

Крвавата сцена на орки кои го кинат црниот дроб на голема бела ајкула долга 2,7 метри во водите околу заливот Мозел во Јужна Африка е снимена со камера на дрон.

Од пред неколку години локалните жители пријавуваат трупови на бели ајкули без црн дроб, кои се појавуваат во близина на брегот на Кејп Таун. Тоа го привлече вниманието на теренските научници, кои со години се обидуваат да откријат зошто тоа се случува.

Посочуваат дека оваа снимка е вредна и ќе им помогне да го проучат феноменот што доведе еден од најголемите предатори да избега од регионот кој до неодамна важеше за негова „светска престолнина“.

Снимката, која беше премиерно прикажана во четвртокот на Discovery, е резултат на долгогодишната работа на морскиот биолог Алисон Таунер, која објасни дека ова е „еден од најневеројатните настани во природната историја што е снимен на камера“.

До неодамна, големите бели ајкули беа вообичаени жители на водите во близина на брегот на Јужна Африка, поради големата популација на фоки кои се главен извор на храна за овој предатор. Меѓутоа, во последните неколку години нивниот број почна драстично да опаѓа, а поранешната популација од 900 ајкули се намали на 552. Сè до 2019 година, кога се појави веста дека големите бели мистериозно исчезнале од водите на брегот на Кејп Таун, Јужна Африка, и сите докази укажуваа на миграцијата на орките во регионот.

Преку внимателно набљудување, научниците дошле до заклучок дека станале плен на орка китовите. Иако многумина би помислиле дека големите бели имаат огромна предност во однос на орките, тоа не е случај бидејќи тие не можат да се натпреваруваат со нивните стратегии за групно ловење. Ако се земе предвид дека во периодот од 2010 до 2016 година на територијата на 1.000 квадратни километри од Атлантскиот Океан е забележано во просек присуство на 205 големи бели ајкули, додека во 2018 година биле пријавени само 50, а ниту една не била забележана оваа година, стана очигледно дека нешто ги плаши и ги оддалечува од нивното поранешно живеалиште.

„Истражувањето е важно затоа што со одредување како големите морски предатори реагираат на ризик, можеме да ја разбереме динамиката на коегзистенција со другите предаторски заедници“, објасни Таунер. Гансбеј порано беше светски познато место за белите ајкули, каде туристите од целиот свет доаѓаа да нуркаат во кафез. Денес речиси и да ги нема.

Други објаснувања за падот на бројот на бели ајкули во областа вклучуваат риболов, намалување на пленот предизвикан од риболов или зголемување на температурата на површината на морето. Сепак, иако тоа може само делумно да ги погоди, малку е веројатно дека ова е единствената причина за толку остар пад на популацијата за само неколку години.

„Орките се насочени кон возрасни големи бели, што може дополнително да влијае на веќе ранливата популација, благодарение на нивниот бавен раст и доцното созревање“, објаснува таа.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Наука

Зошто рабовите на нашата галаксија се изобличуваат?

Read more

Ново важно откритие за црните дупки: Ова чудовиште навистина се врти!

Read more

Откриени нови факти за мистериозните пустински кругови

Read more

Антиваксерите се помалку интелигентни, покажа огромна студија

Read more
 

Гик

Microsoft издаде последно предупредување за Windows 7 и 8

Читај повеќе

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Читај повеќе

НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Читај повеќе
  • filter

Археолози во Турција открија нов древен јазик

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделена Нобеловата награда за медицина: Добитниците развија вакцина против ковид

Читај повеќе
  • play_arrow

Роверот Perseverance сними вител од прав на Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонија произведе робот висок 4,5 метри, чини 3 милиони долари

Читај повеќе

Вино старо 5.000 години пронајдено во кралска гробница во Египет

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно истражување откри која песна е најрелаксирачка

Читај повеќе