Дружењето со пријателите има големо влијание врз здравјето, се согласуваат многу експерти.

Меѓу нив е и професорката Сара Харпер, која тврди дека причина повеќе да се вреднуваат моментите со пријателите е тоа што излегувањето и поминувањето време со пријателите можат да придонесат за подолг живот.
„Осаменоста може да има исто толку негативен ефект како и пушењето“, објасни таа.
Поминувањето време со другии луѓе често може да го забави процесот на стареење, додека осаменоста е „навистина лоша за нас“, рече Харпер во подкастот Inside Health на BBC.
Таа истакнува дека поминувањето време со други може да ги „тренира“ клетките да бидат поотпорни на стареење.
Проф. Харпер истакна дека истражувањето е во рана фаза, но ќе има големо значење во иднина. Таа нагласи дека осаменоста може да има исто негативно влијание врз здравјето како и пушењето.
Дружењето со други луѓе, како и здравото јадење и редовното вежбање, може да помогне да се намали стресот и да се одржи менталното и физичкото здравје.
Минатата година Светската здравствена организација ја прогласи осаменоста за сериозна глобална закана за здравјето. Експертите предупредуваат дека неговите штетни ефекти по здравјето се еднакви на пушење 15 цигари дневно.