Државна лотарија со мерки за заштита на играчите и вработените

Државна лотарија како одговорна компанија ги почитува мерките на Владата но интерно воведува и сет свои мерки за заштита на работените и добитниците и секојдневно презема потребни активности. Покрај општествената ориентација за помош на најранливите категории граѓани со донацијата за Црвен Крст реализирана минатата недела, Државна лотарија постојано имплементира мерки и решенија за заштита на играчите и добитниците, со посебен акцент за заштита на вработените.

Најнапред укажуваме дека рокот и начинот на подигнување на добивките од игрите на среќа и наградите од наградната игра „МОЈ ДДВ#МОЈА НАГРАДА“, се утврдени со Правилата на игрите на среќа односно со правилата на наградната игра „МОЈ ДДВ#МОЈА НАГРАДА“. Сите добивки од игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија  кои се во износ над 5.000 денари се исплатуваат во седиштето на друштвото односно нејзината регионална благајна во Кочани во строго утврден рок рок не подолг од 30 дена од денот на објавување на резулататите. 

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 (Службен весник на Република Северна Македонија бр.62/2020),  во друштвото на 16.03.2020 година донесен е Протокол за работа во благајните согласно кој скратено е работното време на благајните за исплата на добивки во седиштето на друштвото и регионалната благајна во Кочани на Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија и истите работат од 10 до 14 часот во работните денови.  

Преземени се потребнитe активности со кои благајната во седиштето е преселена на приземјето од зградата сѐ со цел добитниците за исплата и подигнување на добивките да не мора да се качуваат на вториот кат од зградата, а со тоа да се намали присутвото на луѓе во просторијата каде се врши исплатата.

Државна лотарија ги презема забрзано сите потребни мерки и активности за отворање на нова благајна за исплата на добивките во центарот на градот поточно во ТЦ Буњаковец со што се очекува намалување на фреквенцијата на добитниците за исплата и подигнување на добивките во седиштето на друштвото.

Укажуваме дека се преземаат мерки за сите лица кои пристапуваат во просториите на благајните да биде дезинфицирани со антисептички средства и да користат заштитни ракавици. Од страна на друштвото воведена е  строго утврдена процедура на постапување согласно која лицето кое пристапило во благајните за исплата на добивка целокупната потребна документација ја потпишува на начин кој обезбедува најголема заштита и со задолжително почитување на пропишаното растојание од повеќе од два метри од вработениот кој ја врши исплатата.

Исто така во континуитет се преземат активности за почитување на протоколот за воведување посебен ред за влез и лимитирано присуство на луѓе во благајните и не се дозволува влегување на повеќе од едно надворешно лице во просторијата каде се врши исплатата.

Работното време на благајните е од 10 до14 часот секој работен ден. При исплата на добовките постојано укажуваме на потребата за коректност и почит на своето здравје и здравјето на другите. Добитниците е неопходно да доаѓаат со заштитни маски и ракавици, во случај на повеќе од еден добитник или играч пред благајната, молиме за држење на потребно растојание од повеќе од два метри , со давање предност на повозрасните лица.

Играчите на Лото 7 и Џокер ги потсетуваме на можноста за  on-line уплата преку веб страната www.loto.mk, при што со креирање кориснички профил се добива можност за онлај уплата, но и on-line исплата за сите видови добивки, освен премиите за 7-ка и Џокер со 6 погодоци.

За сите потребни информации стои на располагање нашиот тим во контакт центарот - секој работен ден од 8 до 20 часот и во сабота од 09 до 15 часот На телефонскиот број 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052.

Вработените на Државна лотарија, во овие тешки времиња, ги преземаат сите потребни мерки да не ја оневозможат и запрат можноста за исплатата на добивки и награди и се надеваме соработка од страна на играчите и ценење на напорите.

Низ игрите на среќа не нудиме само забава и добивки, туку и чувство на надеж и верба, што во овие времиња ни е на сите потребно.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе