ДСЗИ издаде решенија по вонредниот инспекциски надзор во болницата во Битола

На директорката на Клиничката болница во Битола ѝ е наложено да обезбеди адекаватна просторија за починати пациенти или да ја прошири моргата која ќе одговори на потребите, по инспекцискиот надзор што го изврши Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако во медиумите беше споделено видео дека во иста просторија во тријажниот центар пациенти примаат инфуција и има починати.

Директорката  на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова вели дека веќе се поставени и паравани и се задоволени потребните критериуми за почитување на правата за приватност на пациентите, а изречено е решение за санирање на санитарниот чвор што со претходно решение бил забранет за употреба.

ДСЗИ досега иницирал 21 вонреден инспекциски надзори, а во тек се девет.

-Тоа е делот од тријажниот центар каде се лекуваат и примаат терапија пациенти кои се надомашно лекување суспектни на Ковид. Случката е на 22 во 16:30 часот кога во болницата имајќи го предвид билетнот од претходниот ден, за жал, во битолската болница има вкупно 13 егзитирани пациенти, капацитетот на моргата која ја имаат за сместување на починати пациенти е четворица. Заради динамиката на подигање на телата, секако се во склоп со законските протоколи после колку време може да бидат подигнати телата, има недостиг од простор. На директорката ѝ е наложено да обезбеди адекватна просторија или проширување на моргата која ќе одговори на потребите. Во однос на изолираноста на пациентите со паравани, тие се веќе поставени и се задоволени основните критериуми почитувајќи ги правата за приватност од Закон за права на пацинети, изјави Бухова.

Вонредниот надзор на ДСЗИ во Килиничката болница во Битола ги опфати и  санитарно хигиенските услови, а по реакците за состојбата на санитарен чвор. ДСЗИ, појасни Бухова, уште минатата година има издадено решение за тој санитарен чвор и е забранет за употреба и со решение е наложена негова реконструкција. Тој дел од болницата пред почеток на пандемиските услови беше планиран за комплетно реновирање и пременување во геријатриски центар, но заради напливот на пациенти овој дел од болницата е отворен за употреба, освен санитарниот чвор. Во моментов е издадено решение по кое директорката веднаш постапува за санирање, рече Бухова, одговарајќи на новинарски прашања по средбата на инспкеторите од ДСЗИ со вицепремиерот  Љупчо Николовски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе