Иако во последно време е актуелна во јавноста поради скандалот со објавата за „Голема Албанија“, пејачката Дуа Липа пријатно изненади со објавата дека наскоро ќе пристигне нејзиниот нов сингл снимен со поп-кралицата Мадона, како и со легендарната раперка Миси Елиот.
Дуа Липа веста ја објави на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија со Мадона и Миси Елиот. Песната е всушност ремикс на „Levitating“, а тоа воедно ќе биде и петтиот сингл од албумот „Future Nostalgia“, објавен претходно годинава.
„Новиот сингл пристигнува на 14 август, снимив песна со моите идоли. Соништата се остваруваат“, напиша Дуа во описот на фотографијата.