БРАЗИЛЕЈРАУ 2020

Дури 151 фудбалер во Бразил е заразен со COVID-19

Новата сезона во бразилскиот шампионат Бразилејрау започна минатиот викенд, иако во таа земја сè уште има огромен број луѓе заразени со коронавирусот.

Од натпреварот Фламенгу - Атлечику Минејру

По натпреварите во недела и понеделник, сите фудбалери беа тестирани и резултатите покажаа дури 151 позитивни случаи, поради што првенството веројатно ќе биде прекинато.

Најтешка е ситуацијата во Коринчјанс, каде се заразени 23 играчи, односно практично целиот прв тим. Гојас има еден заразен помалку, а најмалку позитивни се во Браганчину и Атлечику Минејру кои имаат по еден заразен фудбалер. Атлечику Минејру го одигра својот натпревар викендов.

Гојас, Коринчјанс и неколку други клубови со многу заразени дури и не играа овој викенд и скоро е сигурно дека следното коло, закажано за четврток, нема да се одигра. Засега нема вести за посериозни случаи и повеќето играчи не покажуваат никакви симптоми, односно се асимптоматски. Вкупно 4 натпревари од 1. коло не се одиграа и тоа Палмејрас - Васку да Гама, Коринчјанс - Атлечику Гојаненси, Ботафогу - Баија и Сантус - Браганчину.

Бразил стана втора земја во светот по бројот на случаи на инфекција со коронавирус по САД. Бројот на заразени во таа земја надмина 3 милиони, а повеќе од 100 илајди луѓе досега починаа.

Сезоната во Бразилејрау требаше на почне на 3 мај, но поради пандемијата почна дури сега. Наместо да заврши на 6 декември планирано е да заврши на 24 февруари наредната година.

реклама

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Што открива бојата на столицата за вашата здравствена состојба?

Read more

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Read more

Што ќе се случи во вашиот организам ако редовно користите куркума?

Read more

Фудбал

Клоп, Флик и Нагелсман - кандидати за тренер на годината

Read more

Суарес со солзи го напушти тренинг центарот на Барселона

Read more

УЕФА ги објави номинациите: Прв пат по 10 години без Меси или Роналдо

Read more

Реал демантира: Ниту Одегард, ниту кој било друг има корона

Read more

Спорт

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона

Читај повеќе

Промена на датумот на играње на средбата на ПСЖ – Вардар 1961

Читај повеќе

Клоп, Флик и Нагелсман - кандидати за тренер на годината

Читај повеќе
  • play_arrow

Суарес со солзи го напушти тренинг центарот на Барселона

Читај повеќе

УЕФА ги објави номинациите: Прв пат по 10 години без Меси или Роналдо

Читај повеќе

Стефано Доменикали ќе ја предводи Формула 1

Читај повеќе

Реал демантира: Ниту Одегард, ниту кој било друг има корона

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Џокерот: Хауард провоцира, а Јокиќ „мртов ладен“

Читај повеќе

Барселона со парите од продажбата на Семедо ќе го купи Депај

Читај повеќе