Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани дури 230 нови случаи на коронавирус.
Во истиот период се забележани и три смртни случаи од COVID-19.
Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека починатите пациенти се од Подгорица, Пљеваља и Никшиќ, родени 1962, 1948 и 1958 година.
Направени се 953 тестови.
„Вкупниот број смртни случаи поврзани со COVID-19 од почетокот на јуни е 117, а од почетокот на годината 126“, се наведува во соопштението.
Излекувани се 72 пациенти.
Вкупниот број на активни случаи на коронавирус во Црна Гора во моментов е 2.401.