Два милиони луѓе заработуваат цело богатство преку социјалните мрежи

Пазарот на труд целосно се смени со интернетот, а потоа социјалните мрежи создадоа цело едно ново поле за водење бизнис.

Повеќе од 50 милиони креативци работат на YouTube, Instagram, Twitch, TikTok и други платформи. Два милиони од нив работат со полно работно време и заработуваат шестцифрени плати со создавање содржина на дневна или неделна основа. Ова значи дека 90 проценти од видео, аудио, фото и текстуална содржина што ја голта генерацијата Z на дневна основа е создадена од поединци, а не од корпорации.

Според магазинот Forbes, тоа е огромна културна промена. Ова се само некои од поентите спомнати во извештајот за „економијата на креаторите на содржини“ од Ѓијанглинг Јуан, соработник на инвестициската компанија SignalFire.

„Бројот на овие инлуенсери/аматерски творци ќе експлодира. Нашите податоци покажуваат дека оваа бројка ќе скокне од 50 на 100 милиони, а можеби и повеќе. И најголемиот дел од тој раст ќе биде воден од генерацијата Z“, вели Јуан.

Благодарение на генерацијата Z (родени од средината на 90-тите до 2010 година), која е исклучително индивидуалистичка и се грижи повеќе за себе отколку за вклопување во општеството, целиот екосистем рапидно расте, вели Јуан.

„Во последните 10 години, со отворање на платформи како YouTube, Snapchat, Instagram бевме сведоци на раѓање на нов став ‘Јас ја контролирам сопствената судбина и работам за себе. И не сакам да седам во канцеларија’“, вели Јуан.

Со таков став, аматерите со неколку илјади следбеници стануваат професионалци, а резултатот е милионски суми за правење видеа, игри, песни, стримови во живо...

Со оглед на брзината со која се развиваат социјалните платформи, ова може да се случи многу брзо. Добар пример е TikTok ѕвездата Чарли, 16-годишник кој има 90 милиони следбеници кои ги забавува со смешно танцување.

Социјалните платформи прераснаа во толку голем пазар, што лансираа нов бран софтвер и алатки, така што има осум милијарди долари промет.

Јуан објаснува дека овој вид економија се појавил во три фази.

Почетокот на социјалните мрежи и платформите започна на почетокот на 2000-тите со Facebook, Instagram, YouTube, но и со TikTok и Twitch. Другото е заработка, вмрежување стотици компании, агенции, спонзори и извидници за таленти кои го грабнуваат својот дел од колачот од 15 милијарди долари.

Третиот дел е најинтересен - тој е оној каде креативците и инфлуенсерите стануваат еден вид „основач“ и каде им се дава можност не само да создаваат содржина, туку и да градат сопствен бизнис.

И што е следно?

Персонализирана е-трговија, вели Јуан. За пет до 10 години, ќе се појават платформи кои ќе им помогнат на креативните луѓе да ги искористат своите идеи и да продаваат услуги и содржини.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе