Едно лице го загуби животот вчера вечерта во сообраќајна несреќа што се случи на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје.
Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.