Двајца битолчани обвинети за дистрибуција на детска порнографија

Скопје, 13 август 2020 (МИА) –По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против двајца браќа на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот се товари за продолжено кривично дело „прикажување порнографски материјал на дете“ од член 193 став 4 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 став 2 од Кривичниот законик, додека двајцата како соизвршители сториле и кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193-а став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Првиот обвинет, во периодот од  јули до септември 2016 година злоупотребил оштетена која тогаш била на возраст од 13 години, за изработување на аудиовизуелни слики со порнографска содржина. Преку Facebook профил со друго име тој во повеќе наврати комуницирал со девојчето, од IP-адреси физички лоцирани во Нов Јужен Велс, Австралија, каде обвинетиот престојувал од 30.03.2016 година. Притоа ја убедил оштетената, за која знаел дека е малолетна и нема навршено 14 години, да направи интимни видео клипови со порнографска содржина. Клиповите оштетената му ги испратила на обвинетиот, а во зимата 2017 година тој овие видеа со детска порнографија ги прикажал на друго дете кое не наполнило 14 години, испраќајќи ги од истиот Facebook профил во порака на втората оштетена, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во периодот меѓу 9 септември 2010 година и 30 март 2016 година во Битола, како што се посочува во соопштението, обвинетите браќа, како соизвршители, преку компјутерски систем набавиле и поседувале над 8.000 слики и видеа со содржина на детска порнографија, сочувани на хард диск и ДВД-а кои биле пронајдени и одземени при претрес на нивната куќа. Фотографии со детска порнографија биле пронајдени и при проверка на нивните мобилни телефони.

– Еден од обвинетите во текот на истражната постапка  подолго време беше недостапен за органите на прогонот, па неговото присуство во текот на постапката беше обезбедено во постапка за екстрадиција со помош на Интерпол и надлежните органи на Република Грција. Дел од  доказите во прилог на обвинителниот акт беа обезбедени преку инструментите на меѓународна правна помош од Австралија, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, кој се наоѓа во притвор откако беше лишен од слобода во Грција и екстрадиран во земјава. Како основ за продолжување на притворот се наведува опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повтори делото кое му се става на товар.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе