Двајца скопјани обвинети за тешка кражба од возило

Скопје, 22 ноември 2019 (МИА) –  Обвинителен предлог против двајца скопјани, кои како соизвршители сториле кривично дело – тешка кражба, поднесе Основното јавно обвинителство Скопје.

-Обвинетите вчера на ул. „Њуделхиска“ во Скопје, на паркинг простор пред еден супермаркет, се приближиле кон паркиран автомобил „Форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, со употреба на сила дејствувале на стаклото од совозачката страна и го скршиле. Тие од совозачкото седиште одзеле женска чанта во која имало пари и други предмети во вкупна вредност од 15.000 денари, соопшти Јавното обвинителство.

За еден од обвинетите се определените мерки на претпазливост, додека за другиот, надлежниот јавен обвинител процени дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, особено затоа што тој и претходно бил сторител на ваков вид кривични дела.

Од тие причини јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на определената мерка притвор за ова лице.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе