Актерот Двејн Џонсон – The Rock е најскапо платениот Instagram „инфлуенсер“, според податоците на британската компанија за маркетинг на социјалните мрежи – Hopper HQ.
За една спонзорирана објава, американскиот глумец добива и над милион долари. Со тоа тој ја надмина и најмладата милијардерка во светот – Кајли Џенер, чиишто тарифи достигнуваат околу 986.000 долари за објава.
Следни на списокот најплатени „инфлуенсери“ се Кристијано Роналдо, Ким Кардашијан, Аријана Гранде, Селена Гомез, Бијонсе, Џастин Бибер и Тејлор Свифт, како и Нејмар.
Листата е создадена по разговори со славните личности, како и со компаниите. За одредувањето на цените се користат јавно достапни информации.
Меѓу спонзорите на The Rock се технолошкиот гигант Apple, производителот на спортска опрема Under Armor и норвешкиот бренд за пакувана вода – Вос, каде што глумецот има свој дел.