Според најновата листа на Forbes за најплатени актери во светот, Двејн Џонсон втора година по ред се наоѓа на врвот, со заработка од 87,5 милиони долари.
Станува збор за периодот од 1 јуни 2019 година до 1 јуни 2020 година, вклучително и 23,5 милиони долари од трилерот „Red Notice“ на Netflix. Исто така, тој оствари голема заработка и од фитнес линијата Project Rock.
По Џонсон, втор на листата е Рајан Рејнолдс со заработка од 71,4 милиони долари. Потоа следува Марк Волберг со заработка од 58 милиони долари, а на четврто и на петто место се Бен Афлек и Вин Дизел.
Индискиот актер Акшај Кумар е единствената ѕвезда од Боливуд која се најде меѓу десетте најплатени актери. Тој е на шестата позиција со заработка од 48,5 милиони долари. На врвот на листата на Forbes се најдоа и актерите Лин-Мануел Миранда, Вил Смит, Адам Сендлер и Џеки Чен.