Музика

Џез легендата Ману Дибанго почина од Covid-19

24. март 2020 - 18:15 | Б.С.Б.

Саксофонистот, пејач и композитор Ману Дибанго почина во Париз откако се зарази со коронавирусот. Тој е еден од првите славни личности кој почина од последиците на COVID-19, пренесе BBC.

86-годишниот џез музичар беше познати по спојот на џез и фанк музиката со традиционални звуци од неговата родна земја Камерун.

Тој има соработувано со бројни музичари во текот на кариерата. Неговиот погреб ќе се одржи во строга приватност.

Роден е во 1933 година, а неговата музичка кариера траеше подолго од 6 децении.

Коментирај