EA и Dice ќе ја претстават новата игра „Battlefield“ наредната среда и ќе понудат увид во тоа што ги чека фановите.
Интерниот трејлер за претстојната игра протече минатиот месец, а краток тизер објавен на официјалниот профил на франшизата „Battlefield“ потврдува дека дејството се одржува во сегашноста или во блиска иднина.
Последен пат кога Dice им понуди на играчите модерна војна беше борбената игра „Battlefield 4“ во 2013 година.
Познато е дека EA ќе јас лансира новата „Battlefield“ на актуелната и минатите генерации на конзоли, а играта треба да се најде на пазарот за време на празниците во САД.