Еден милион евра грант од Кралството Шпанија за Охридско Езеро

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Н.Е. Рафаел Сориано Ортис.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Меџити во текот на состанокот го информирал амбасадорот Ортис за приоритетите на Владата и Министерството за животна средина, а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.

Меџити изјави дека нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани.

Во рамките на билатералната соработка со Кралството Шпанија, шпанската влада даде техничка помош со грант од приближно 1 милион евра за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, за што првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити му се заблагодари за поддршката.

реклама

Македонија

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

ДУИ: Мицкоски го држи Меџити под контрола преку судско досие за нелегални градби во Чаир и штета од 72 милиона евра

Read more

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

Read more

Тајната на паметното купување? Во dm овие секојдневни производи чинат помалку отколку што мислите

Read more
 

Вести

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Читај повеќе

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Читај повеќе

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе