Еден од најскапите филмови во историјата: Бред Пит во улога на Ф1 возач

Конечно, познати се уште неколку детали за долгоочекуваниот филм во кој Бред Пит игра Формула 1 возач.

Во пресрет на Големата награда на Велика Британија во Силверстон, на официјалната веб-страница на Формула 1 беше објавен насловот на претстојниот филм на Бред. Филмот се вика „F1“, а во кината би требало да пристигне во текот на летото 2025 година.

Бред всушност се вратил во Нортхемптоншир за да сними повеќе материјал за филмот и бил снимен во костум за Ф1 возачи. Поради штрајковите низ Холивуд во 2023 година, производството на филмот беше запрено, што го објаснува долгиот процес.

Филмот зборува за возачот Сони Хејс (Бред Пит), кој морал да се пензионира по тешка несреќа. Неколку децении откако се пензионира, тој излегува од пензија и со млад возач се натпреварува против најсилните во тимот. Сè уште нема трејлер за претстојниот филм, но сепак ќе биде премиерно прикажан тизер на Британското ГП.

Филмските права ги купи Apple. Филмот ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на „Top Gun: Maverick“, а главни продуценти ќе бидат Џери Брукхајмер и седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон. Последните информации велат дека буџетот надминал 300 милиони долари, со што овој филм за Формула 1 е еден од десетте најскапи филмови во историјата.

Тагови
реклама

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Филм & ТВ

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Read more

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Read more

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Read more

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ќе се снима Top Gun 3, Том Круз се враќа како Маверик

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз: Ми требаа 40 години за да можам да ја одиграм оваа улога

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зендаја избегнува да се „начекаат“ со Сидни Свини

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира: Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Сидни Свини имала само едно барање за нејзиниот лик во третата сезона на Euphoria

Читај повеќе

Како младите од Генерацијата Z ќе го вратат во живот одењето во кино?

Читај повеќе