Филм & ТВ

Еди Марфи се враќа во четвртото продолжение на „Beverly Hills Cop“

18. ноември 2019 - 11:08 | Б.С.Б.

Славниот актер Еди Марфи се враќа во улогата на духовитиот полицаец Аксел Фоли во четвртото продолжение на филмот „Beverly Hills Cop“, во продукција на Netflix.

Компанијата Paramount планираше да биде продуцент на четвртиот дел, но студиото се откажа од проектот во 2016 година и сега ги продаде правата на Netflix, пренесува Hollywood Reporter.

Еди Марфи за првпат се појави во улогата на Фоли во 1984 година, филмот заработи над 300 милиони долари на бокс-офисот и доби номинација за Оскар, за најдобро оригинално сценарио.

Истата улога ја репризираше и во 1987 година и во 1994 година, но филмовите добија негативни критики.  Обидите за четврти дел пропаднаа во 2016 година, поради несогласувања околу сценариото. Џери Брукхајмер, кој ги продуцираше првите два филма, исто така ќе биде дел од најновиот проект.

58-годишниот актер годинава доби позитивни критики за улогата во филмот „Dolemite Is My Name“ на Netflix.

Коментирај