Едноставни трикови за ослободување од непријатниот мирис по подготовка на риба

Подготовката на риба може да биде предизвик, не само поради вкусот, туку и поради мирисот што се шири низ кујната, па дури и низ целиот дом. Затоа мирисот на пржена или печена риба понекогаш изгледа невозможно да се отстрани, но со неколку совети можете брзо да го решите проблемот.

Ако сте подготвиле риба во сад каде мирисот се задржал, едноставен трик е да сварите црн чај во истиот сад. Мирисот ќе исчезне како никогаш да не бил таму.

За да го отстраните мирисот од вашите раце, можете да користите талог од црно кафе. Едноставно втријте го во рацете, а потоа измијте ги со сапун и вода. Овој трик ефикасно ги отстранува непријатните мириси.

Додека ја подготвувате рибата, не заборавајте да ги отворите прозорците за да може воздухот да циркулира и да го освежува просторот. Можете да направите и природен освежувач на воздухот. Земете кора од лимон, сварете ја во вода и кога ќе се олади истурете ја во шише со распрскувач. Овој природен спреј ќе го освежи воздухот во вашиот дом.

Друг лесен начин да ги отстраните мирисите е да истурите оцет во сад и да го оставите да отстои некое време. Оцетот е природен дезодоранс и брзо ќе ги неутрализира непријатните мириси.

Со овие едноставни совети, можете да уживате во подготовката на риба без да се грижите за несаканите мириси кои се задржуваат во вашиот дом.

Тагови
реклама

Живот

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Read more

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Read more

Како Нордијците наоѓаат светлина во најтемните месеци и ја победуваат зимската меланхолија?

Read more

Кои хороскопски знаци ќе ја завршат 2025 година со голем успех?

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе