Ако имате домашни миленици, тогаш знаете колку е тешко да го одржувате вашиот тепих чист. Софи Хинчлајф откри трик на Instagram и воодушеви многу корисници кои имаат проблеми со чистењето на теписите.
Инфлуенсерката тврди дека тепихот може да се исчисти со помош на гумен брисач за миење прозорци.
Софи нежно го влечеше брисачот по површината на тепихот, отстранувајќи ги влакната и прашината од него. Многумина набрзо го копираа нејзиниот потег и беа воодушевени од резултатите.
„Мислев дека мојот тепих е чист додека не го пробав овој трик. Вечерва на овој начин ќе ги исчистам сите теписи во домот“, напиша на Instagram една нејзина следбеничка.