ЕК: Земјите-членки на ЕУ да го следат геномот на коронавирусот

Европската комисија ги повика земјите-членки на ЕУ да направат повеќе за да го следат геномот на коронавирусот, со цел брзо откривање на мутациите, изјави денеска европскиот комесар за здравство, Стела Кириакидес.

– Итно треба да извршиме повеќе геномско секвенционирање во ЕУ за да ги идентификуваме варијантите и да разменуваме информации едни со други. Тоа е критично, рече таа.

Повеќето земји од ЕУ досега направија малку или воопшто не направија секвенционирање, што значи дека ако се развијат поопасни варијанти меѓу нивната популација, тешко дека ќе бидат идентификувани.

– Подготвени сме активно да ги поддржуваме нашите земји-членки, експертиза, инфраструктура и финансиски ресурси со цел да ги зголемиме капацитетите во ЕУ, рече Киријакидес.

Предлозите ќе бидат дел од новиот документ за политика за COVID-19 што Европската комисија ќе го објави утре пред телеконференцијата на лидерите на ЕУ во четврток, соопштија официјални претставници на ЕУ.

Сите главни варијанти досега се пронајдени надвор од ЕУ, во Обединетото Кралство, Јужна Африка и Бразил, иако тоа не значи дека тие нужно се развиле во земјите каде што биле први забележани.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе