Новите еко автобуси на ЈСП Скопје почнаа со пробно возење низ улиците на главниот град и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт.
Во тек е обуката на возачите, која ќе трае и за време на карантинскиот викенд, односно по пет возачи дневно ќе ги возат автобусите низ градот. До недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.
Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, 10 единечни и 3 зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси од кои 2 зглобни и 1 единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници.
Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Фото: Град Скопје