Екопатролата при ЈП Комунална хигиена – Скопје изготвила 334 записници во текот на минатата година

Во периодот јануари-декември 2024 година, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Како резултат на овие активности, од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број на записници, вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир. Во текот на минатата година, Еко-патролата реализираше и секојдневни интервентни патролни дежурства на т.н. црни точки – локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Најголем дел од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.

„Во општината Чаир, секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите 'Никола Карев' ('Пластичарска' улица, на аголот со улицата 'Максут Садик') и 'Крсте Мисирков' (до Зегин на Бит-пазар), како и улиците 'Џон Кенеди' (до ООУ 'Васил Главинов') и 'Славеј Планина' (во непосредна близина на скопското Теќе), додека во општината Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците 'Лука Геров', 'Борис Сарафов', 'Ѓорче Петров', 'Христо Батанџиев' и 'Македонска војска'“, велат од ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.

реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Македонија

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Read more

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Read more

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Read more

Вести

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Читај повеќе

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Читај повеќе

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата

Читај повеќе

В недела дел од мостот Близнак ќе биде затворен поради поправка на оградата

Читај повеќе

Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Читај повеќе

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Читај повеќе