Експерт од Харвард тврди дека сите оние што се незадоволни од својата работа прават една грешка

Постигнувањето на долгогодишна цел во кариерата, како што е значително повисока плата или големо унапредување, може да дејствува како решение за целосното задоволство од работата.

Сепак, постои голема можност и по постигнувањето на таквата цел да се чувствувате празно, досадно или неисполнето. Професорот на бизнис школата на „Харвард“, Џозеф Фулер, изјави за CNBC дека ова е нормално чувство. Според него, нашите кариери ретко ги исполнуваат очекувањата што ги имаме од нив.

Истакна дека истата логика важи и за секоја цел во кариерата што ја имате. Имено, доколку имате, како што наведе, нереални очекувања дека покачувањето или промената на работното место ќе ги реши сите ваши проблеми или ќе биде токму онака како што сте замислиле, би можеле да се подготвувате за неуспех.

Предупреди дека вообичаените грешки во кариерата може да доведат до исцрпеност и незадоволство. Истакна дека овие грешки се резултат на нечесноста во одредувањето приоритети и на компромисите што ги правите на работа.

„Тоа е советот што цело време им го давам на моите студенти - луѓето кои се најнесреќни во нивните кариери се оние што не биле искрени со себе за целите што сакаат да им дадат приоритет во кариерата и што се подготвени да го жртвуваат за да ги постигнат“, нагласи Фулер.

На пример, ако ви е важно да имате слободни викенди и да одржувате рамнотежа помеѓу работата и животот, можеби нема да сакате да земете работа која бара од 80 до 100 часа работа неделно, дури и ако тоа е добро платена работа и/или работа со добра позиција.

Ниту една работа не е совршена, но секоја треба да се разгледа пред да биде прифатена. Затоа Фулер предложи да се распрашате за културата на компанијата, како таа го поддржува професионалниот развој, одговара на предизвиците итн. Како што истакна, наоѓањето работа што ви дава чувство на контрола и возбуда може да ви помогне да останете мотивирани и да спречите исцрпеност.

Друг трик за постигнување на задоволство од кариерата е да ги внесете вашите основни вредности во секојдневните работни активности и да им укажете на тие вредности на претпоставените, пренесува CNBC.

Тагови
реклама

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Живот

Што ако се омрсите за време на постот?

Read more

Работи што треба да ги земете предвид пред да вдомите птица за милениче

Read more

Ги јадете оброците за помалку од 20 минути: Зошто е пребрзо и зошто треба да забавите?

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more
 

Магазин

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Читај повеќе

Каков чај треба да пиете ако имате проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Бактериската вагиноза не е само женска болест

Читај повеќе

Што ако се омрсите за време на постот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Лесно, здраво и вкусно: Телешко со бамја

Читај повеќе

Работи што треба да ги земете предвид пред да вдомите птица за милениче

Читај повеќе

Ги јадете оброците за помалку од 20 минути: Зошто е пребрзо и зошто треба да забавите?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадеме јагоди секој ден?

Читај повеќе

Диететичарите откриваат кое месо е најдобар извор на протеини

Читај повеќе