Експертите одговараат: Дали постојат вонземјани?

Во последните неколку години, на социјалните мрежи се појавија снимки од НЛО снимени од американската морнарица, за кои Пентагон потврди дека се автентични.

Многумина по оваа официјална потврда, која не навлезе во подетално објаснување на настаните, со нетрпение го очекуваат официјалниот извештај за воените средби со НЛО, што треба да биде објавен на 25 јуни. New York Times неодамна разгледа делови од извештајот и пишува дека тој вели дека во моментов нема јасна врска помеѓу повеќе од 120 видувања на НЛО во последните две децении и можноста вонземјани да ја посетиле Земјата.

Да потсетиме, НЛО (неидентификувани летечки објекти) и НФВ (неидентификувани воздушни феномени) се објекти или феномени кои, по стручен преглед, сè уште не можат да се објаснат на конвенционален начин. Ова не значи дека ова автоматски се вонземјански летала или некои натприродни сили, туку дека во моментов нема научно објаснување за овие настани. По некое време, забележаните НЛО честопати се покажало дека биле метеоролошки балони и уреди, странски авиони и беспилотни летала или малку подобра фотомонтажа.

Дали има вонземјани?

Во случај да се покаже дека горенаведените случаи на НЛО немаат никаква врска со суштества од други планети, дали тоа значи дека вонземјаните не постојат на друго место во длабочините на универзумот? Ако тие постојат, дали некогаш ќе ги најдеме и ќе оствариме контакт или можеби се толку различни од нас што нема да можеме да ги откриеме затоа што нема да знаеме што точно да бараме?

За да ја расветли оваа мистерија, реномираното популарно научно списание The Conversation праша пет експерти дали сметаат дека постојат вонземјани. Четворица одговорија потврдно.

Џонти Хорнер, астробиолог

„Одговорот е дека тие дефинитивно постојат. Но, мислам дека вистинското прашање треба да биде дали вонземјаните се доволно блиску до нас за да можеме да ги откриеме. Имено, универзумот е неверојатно голем. Во последните неколку децении, научивме дека скоро секоја ѕвезда во космосот има планети. Се проценува дека нашата галаксија, Млечниот Пат, има до 400 милијарди ѕвезди. Да речеме дека секоја од нив има пет планети, само во нашата галаксија би имале две илјади милијарди планети. А во вселената има повеќе галаксии отколку што има планети во Млечниот Пат“, вели астробиологот Џонти Хорнер од Универзитетот во Јужен Квинсленд.

„Со други зборови, има многу недвижнини таму горе и се чини невозможно Земјата да е единствената планета што има живот - вклучително и интелигентен и технолошки напреден живот. Но, дали некогаш ќе најдеме вонземјани? Тоа е тешко прашање. Замислете дека една во милијарди ѕвезди имаат планета на која е развиена технолошки напредна цивилизација што може да испраќа сигнали во вселената. Ова би значело дека имаме околу 400 ѕвезди во нашата галаксија со технолошки напреден живот. Но, нашата галаксија е огромна, се протега на 100.000 светлосни години од една страна до другата. Толку е голема, што овие ѕвезди ќе бидат во просек оддалечени околу 10.000 светлосни години. Ова е премногу далеку за да можеме да откриеме вонземски сигнали во овој момент, освен ако не се помоќни од оние што ги имаме. Значи, иако верувам дека вонземски живот постои, мислам дека ќе биде многу тешко да се докаже“, додаде тој.

Стивен Тингеј, астрофизичар

„Да, верувам дека постојат, но тоа е смела изјава. Мислам дека терминот ‘вонземјанин’ се однесува на која било форма на живот, како што ние го разбираме на Земјата, што еволуирал на друга планета. И досега нема реален консензус за дефиницијата за ‘живот’ затоа што тоа е многу сложен концепт. Во основа, ако најдевме нешто што личи на бактерија некаде надвор од Земјата, ќе го класифициравме како вонземски живот“, рече астрофизичарот Стивен Тингеј од Универзитетот Кертин.

„Постојат стотици милијарди галаксии во универзумот и може да има милијарди и милијарди ѕвезди во секоја од нив. Повеќето од овие ѕвезди имаат барем една планета. Овие планетарни системи се формирани од богата мешавина на елементи, вклучувајќи ги и клучните за ‘живот’. Значи, тешко е да се поверува дека одредена комбинација на услови што резултирале со ‘живот’ се случила само на Земјата, а не на милијарди други планети во универзумот, но останува да се види дали овој вонземски живот личи на бактерии или нешто слично повозбудлива - технолошки напредна цивилизација со која можеме да комуницираме“, наведува Тингај.

„Денес правиме значителни напори да бараме вонземски цивилизации кои можат да користат технологии слични на нашите; како што се моќни радиотелескопи кои испраќаат радио сигнали од далечните планетарни системи. Исто така може да докаже дека нашата дефиниција за ‘живот’ е несоодветна и дека вонземјаните, каде и да се најдат, играат по сосема различни правила“, заклучува астрофизичарот.

Хелен Мејнард-Кејли, планетарен научник

„Мислам дека е прашање на време кога ќе најдеме нешто што личи на ‘биологија’ на друга планета. Дури и во нашиот Сончев Систем, сè повеќе наоѓаме места што би можеле да бидат гостопримливи за животот, каков што го знаеме. На пример, погледнете ги океаните под ледена површина на Европа и Ганимед (двете месечини на Јупитер), ова се области каде што температурата е доволна за живот, и има вода и минерали. Се разбира, гледаме на животот од наша перспектива, а вонземскиот живот може да биде многу различен од нашиот“, вели планетарниот научник Хелен Мејнард-Кејли од Австралиската организација за нуклеарна наука и технологија.

„Затоа сум навистина возбудена од понатамошното истражување на месечината на Сатурн, Титан. Титан има голем број интересни молекули на својата површина, како и активни временски системи што можат да ги транспортираат - сите во нашиот Сончев Систем. И знаеме дека има и други соларни системи во нашата галаксија. Во суштина, навистина ми се чини дека е лесно можно некаде да најдеме некаква активна биологија. Дали ќе може да нѐ поздрави? Па, тоа е друго прашање“, додаде Мејнард-Кејли.

Ребека Ален, експерт за вселенска технологија

„Да, мислам дека вонземјани постојат, но тие веројатно не личат на нас. Имено, се проценува дека има само повеќе од 100 милијарди планети само во нашата галаксија; со околу шест милијарди потенцијално слични на Земјата. Значи, скоро е сигурно дека има живот на друга планета. Меѓутоа, кога ќе го слушнеме зборот ‘вонземјанин’, обично мислиме на хуманоидниот облик на живот, но дури и на Земјата, најзастапениот облик на живот е многу постар, помал и поотпорен. Се разбира, зборувам за микроорганизмите. Овие организми им пркосат на научните принципи, преживуваат на невозможни места. Би се обложила дека вонземски живот постои во форма на овие ‘екстремофили’“, вели експертот за вселенска технологија Ребека Ален од Технолошкиот универзитет во Свинбурн.

„Што мислам за понапредна вонземска цивилизација? Универзумот е огромен, и засега не ни е лесно да најдеме други светови, а не па да идентификуваме кои наликуваат на Земјата. Дополнително, треба да размислиме дека на животот на нашата планета му требаа милијарди години за да напредува, така што има малку шанси да најдеме сличен вид. Секако, надежта умира последна; научниците продолжуваат да користат напредни радиотелескопи за да го истражуваат небото и да бараат нови форми на радио комуникација“, заклучи Ален.

Мартин Ван-Кранендонк, астробиолог

„Едноставниот одговор на ова прашање е - не. Ако користиме чисто емпириски податоци и претпоставиме дека прашањето се однесува на која било форма на вонземски живот што не е поврзана со човечки активности, тогаш одговорот, колку што знаеме, мора да биде дека нема вонземјани. Секако, ги немаме истражено сите агли на универзумот во потрага по знаци на живот и не знаеме ни како може да изгледа животот во друг хемиски систем затоа што тука нема договорена дефиниција за живот базиран на јаглерод“, вели астробиологот Мартин Ван-Кранендонк од Универзитетот во Нов Јужен Велс.

„Па можеби подобар одговор е дека не знаеме. Всушност, можеби никогаш нема да можеме дефинитивно да одговориме на ова прашање. Но, се разбира, научниците работат напорно на тоа. Можеби еден ден ќе можеме да знаеме ако имаме меѓупланетарни соседи или сме всушност сами во вселената. А можеби и нема“, додаде Ван-Краенендонк.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе